Капитенот на младинската фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Фазлагиќ потпиша договор со Висла Краков.
Тој во тринаесеткратниот полски шампион доаѓа од редовите на Жилина и потпиша договор до јуни 2026 година.
„Енис е фудбалер со огромен потенцијал и веќе има огромно искуство иако е млад. Тој е играч сличен на Ашраф – секогаш сака да е со топката, што секако ќе ни помогне во нашата игра и да ја добиеме потребната агресивност. Тој доаѓа во Висла на целосен трансфер со договор на четири ипол сезони“, изјави спортскиот директор на полскиот клуб, Томаш Пасиечни.