Повремениот македонски фудбалски репрезентативец, Ердал Ракип реализираше трансфер во јануарскиот преоден рок и по неколку успешни сезони поминати во Малме ќе ја менува средината.
Нов клуб на фудбалерот од средниот ред е турскиот Анталијаспор со кого Ракип се обврза на договор во траење од двеипол години.
Фудбалерот кој е роден во Шведска и кој има и кратка авантура во Кристал Палас, извесен период беше член на репрезентацијата на Македонија