Манчестер Јунајтед со Ерик Тен Хаг има очигледен напредок во однос на претходната сезона, а од тимот се очекува да се бори за титулата во следните сезони.
Сепак, нешто мора да се промени, клупата е премногу слаба, а тоа се докажа и на натпреварот против Севиља во Лигата на Европа.
Поради бројните повреди Јунајтед на терен истрча без ниту еден првотимец од дефанзивната линија, а ги немаше ниту Бруно Фернандеш и Маркус Рашфорд.
Според англискиот весник„Мирор“ дури дванаесет играчи, а ги издвои Хари Мегвајер, Давид де Хеа и Антонио Марсијал. Се споменуваше нов договор за Де Хеа, но најверојатно тоа нема да се случи.
Фред и Скот Мектоминеј се играчи кои исто така ќе се најдат на трансфер листата, а покрај нив, Тен Хаг им порача на раководството на клубот да бара тимови за Ван де Бек, Брендон Вилијамс, Ентони Еланга, како и играчите кои се на позајмица, Баји и Алекс Телес.
Ако се додадат уште Вегхорст и Шабицер, кои ќе се вратат во своите тимови, бидејќи се позајмени, се стигнува до споменатата бројка од дванаесет.