Давид де Хеа и следната сезона ќе биде дел од Манчестер Јунајтед, но нема да има гарантирано место како стартер и ќе мора да ја заработи својата минутажа, вели предводникот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг.
Холандскиот стратег вели дека модерниот фудбал има модерни предизвици па така голманите не само што ја чуваат мрежата со рацете, туку треба да играат и врвно со нозете со спротивно противниците лесно предизвикуваат со пресинг.
„Де Хеа ќе остане, но не можам да кажам дека секогаш ќе биде прв кандидат за улогaта на прв голман. Го велам тоа бидејќи во тим како Манчестер Јунајтед секогаш мора да има конкуренција на сите позиции. Играта со нозе не ја измислив јас, тоа го бара модерниот врвен фудбал. Ако ги гледате најголемите тимови ќе видите дека сите знаат да играат одбранбено и да го користат својот голман како дополнителен одбранбен играч. Во противно противниците многу лесно прават притисок на вашата екипа. Де Хеа мора да работи да биде подобар, а веќе и покажа напредок“, вели тен Хаг.