Данскиот фудбалски репрезентативец, Кристијан Ерикесен, испрати порака од болница до сите кои се загрижени за неговото здравје.
„Ви благодарам на сите, нема да се предадам. Сега се чувствувам подобро и сакам да разберам што ми се случи. Ви благодарам уште еднаш на сите за се` што направивте за мене.“ – посочи Ериксен.
Фудбалерот на Интер во 43 минута од натпреварот меѓу Данска и Финска колабрираше откако престана да чука неговото срце, за среќа лекарскиот тим со брза интеревенција му го спаси животот.