Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен успешно се опоравува од повредата на скочниот зглоб.
Иако се предвидуваше дека може да се врати на терените на крајот на април и почетокот на мај, се верува дека тоа би можело да биде многу порано.
Ерик тен Хаг пред натпреварот со Саутемптон во недела откри дека Ериксон дефинитивно ќе игра пред крајот на сезоната.
-Тој дефинитивно ќе игра оваа сезона. Не можам точно да предвидам кога, но неговиот процес на рехабилитација оди добро, се е според планот. Ќе го видиме, но не пред репрезентативната пауза. Неговиот главен фокус е да се врати како што е можно поскоро бидејќи ни требаат сите наши играчи, рече Тен Хаг.
Јунајтед се уште се бори на три фронта, во Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на Европа, а во февруари го освои трофејот во Лига купот.