Данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен (30) постигна договор со Манчестер јунајтед, јавија попладнево британските медиуми.
Според истите извори, Ериксен откако ќе ги мине задолжителните лекарски прегледи треба да потпише тригодишен договор со клубот од „Олд Трафорд“.
Ериксен доаѓа во Јунајтед без обесштетување, откако му истече договорот со премиерлигашот Брентфорд.
На негов трансфер во Манчестер јунајтед инсистираше новиот тренер Ерик тен Хаг.
Ериксен минатата година за време на ЕУРО2020 доживеа срцев удар на теренот и само брзата лекарска интервенција со спаси од смрт. Подоцна му беше вграден срцев дефибрилатор.