среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ето барал од Интер да го продадат Онана, сакал да му ја уништи кариерата!

Ето барал од Интер да го продадат Онана, сакал да му ја уништи кариерата!

Андре Онана беше инволвиран во скандал на мундијалот во Катар, голманот си замина на сред Светско првенство по недоразбирања со селекторот Ригоберт Сонг.

Но проблемот бил подлабок, поранешен потпретседател во Фудбалската федерација на Камерун сега вели дека зад инцидентот стоел Самуел Ето (првиот човек на ФФК), кој се заканил дека ќе му ја уништи кариерата.

„Ми кажа дека кариерата на момчето е завршена и дека испратил писмо до неговиот клуб (Интер) со кое барал да го „шутнат“ Онана. Како некој може да биде толку злобен?“ – вели поранешниот потпретседател во ФФК.

„Вистинската причина за неговото отстранување од тимот на Светското првенство во Катар е Самуел Ето, претседателот на ФФК сакаше да се ослободи од голманот по секоја цена“.

Интер ова лето го продаде Андре Онана на Манчестер јунајтед, но малку за верување е дека Ето имал некакво влијание, едноставно „нероаѕурите“ добро ќе заработат откако беспари го донесоа голманот пред 12 месеци, а сега ќе инкасираат 55 милиони евра и ќе забележат голема капитална добивка.