Велика Британија и Република Ирска веќе извесно е дека ќе го организираат Европското првенство во 2028 година, зашто само оваа кандидатура е единствена која е пристигната во Нион, централата на УЕФА, на два дена пред истекот на рокот.
Засега нема информации колку кандидатури има за Еуро 2032, зашто досега интерес објави само Италија, а се најавуваше нова кандидатура и на Турција, која загуби во изборот за претстојното Европско првенство во 2024 година, кое за организација го доби Германија.