Францускиот судија Клемен Турпан, кој го судеше ланското финале во Лига Европа помеѓу Манчестер јунајтед и Вилјареал, ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Италија и Македонија в четврток, во Палермо.
Негови помошници на стадионот „Ренцо Барбера“ ќе му бидат сонародниците Николас Дано и Сирил Грингор. Четврти судија е Беноа Бастиен, а за ВАР ќе бидат Далажо Вили (главен) и Жером Бисар.
Турпан е ФИФА судија од 2010 година, а досега ниту еднаш не и судел на Македонија.