Англискиот фудбалски прволигаш Евертон ги прекина сите свои спонзорства со руските компании, јавија денеска западните агенции.
Потегот има влијае на три компании, кои беа истакнати спонзори на различни нивоа на клубот од „Гудисон парк“, а сите три се во сопственост на рускиот милијардер Алишер Усманов, близок соработник на претседателот Владимир Путин.
„USM Holdings“ од 2017 година ги имаше правата на името на теренот за тренинг на Евертон, „Yota“ влезе како спонзор во клубот во 2020 година, додека мобилниот оператор „MegaFon“ беше спонзор на женскиот тим на Евертон.
Богатството на Усманов се проценува на 13 милијарди евра, а Евертон тврди дека Русинот нема акции во клубот.