Италијанскиот фудбалски клуб Милан летово е посебно активен во обидот да ја реконструира екипата и да ја врати во битката за скудетото, а еден од играчите кои беа блиску до трансфер беше Арнаут Данјума.
Сепак, холандскиот интернационалец се решил да ја прифати понудата на Евертон и ќе настапува во Премиер лигата.
Клубот од Ливерпул постигнал договор со Вилјареал за првичен заем, со можност подоцна и да го откупи договорот на крилниот фудбалер.
Милан го следел Данјума уште од времето кога настапуваше за Клуб Бриж, тој го потврди својот потенцијал и во шпанскиот клуб, за сега да прифати премиерлигашки предизвик.
Евертон ќе плати 3,5 милиони фунти за една сезона во која Данјума ќе игра на позајмица, додека Милан останува заинтересиран за неговиот досегашен соиграч Самуел Чуквуезе.