петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Евертон потпиша со Миколенко

Евертон потпиша со Миколенко

Евертон потпиша четири и пол годишен договор со украинскиот репрезентативец, Виталиј Миколенко кој во англискиот тим пристигнува од Динамо Киев.

Евертон новата година ја почна со ново засилување, го купија Виталиј Миколенко за сума од 21 милион евра.

„Евертон потпиша со дефанзивецот Виталиј Миколенко од Динамо Киев, украинскиот репрезентативец стави потпис на четири и пол годишен договор“, стои во соопштението на Евертон.

Миколенко има 22 години, игра на левата бековска позиција и веќе има 21 настап за Украина.