Англиската Премиер лига побара независна комисија да почне истрага по обвинувањето против клубот Евертон за нарушување на финансискиот ферплеј.
Карамелите се осомничени дека го прекршиле финансискиот ферплеј во сезоната 2021/2022, кога купија дури 11 нови играчи. Десет месеци биле „чешлани“ финансиите на клубот, и има сомнежи за „матни работи“.
Ако Евертон биде прогласен за виновен, им се заканува сериозна казна, која вклучува и одземање на бодови. Ако им бидат одземени бодови, Сините од Ливерпул кои се 15-ти со само два бода над зоната на испаѓање, може да останат без место во англиската елита, и преселба во Чемпионшип.
Во ноември 2021 година, на Дерби Каунти му беа одземени девет бодови заради нарушување на правилата по истата точка за која е осомничен и Евертон.
Од Евертон објавија дека се разочарани и изненадени, и најавија дека жестоко ќе се бранат.