Премиерлигашкото дерби меѓу Ливерпул и Арсенал донесе отворен фудбал, многу возбудувања и реми од 2-2, но и воедно еден необичен момент во кој во фокусот беше линискиот судија Константин Хацидакис.
Хацидакис имаше близок контакт со домашниот фудбалер Енди Робертсон, односно го удри со лакт на полувремето на „Енфилд Роуд“.
Веднаш беше отворена истрага за овој инцидент, а истата заврши без никаква санкција за Хацидакис кој сега ќе може повторно да биде активен. Од ФА информираа дека ги разгледале сите докази, снимки и одлучено е да арбитарот да не биде казнет.
„ЕСПН“ воедно информира дека Хацидакис стапил во контакт со Робертсон, му се извинил, а левиот бек тоа го прифатил без никакви проблеми.