Фудбалската асоцијација на Англија, почна истрага околу „сомнително обложување“ во текот на мечот од третото коло на ФА Купот меѓу Оксфорд – Арсенал, кој заврши со победа на „топчиите“ од 0-3.
Истрагата се однесува на случај со играч на Оксфорд во текот на мечот, а медиумите пренесуваат дека станува збор за фудбалерот Сајмон Браун, кој во 59. минута го доби единствениот жолт картон на мечот. Се сомнева дека тој тоа го сторил намерно.
Во Оксфорд истакаа дека се „свесни околу конкретните наводи за нерегуларно обложување“, и објавија дека ќе сорабтуваат во текот на истрагата.
Засега не се однесува за регуларноста на мечот, кој е веќе регистриран со поставениот резултат.