петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Фабио Канаваро доби отказ во Серија Б

Фабио Канаваро доби отказ во Серија Б

Серија Б оваа сезона се најде во центарот на вниманието, бидејќи неколку фудбалски легенди се на клупите на клубовите, а еден од нив доби отказ.

Беневенто одлучи да ја прекине соработката со Фабио Канаваро, некогаш најдобриот фудбалер на светот. Во 23. коло Беневенто на домашен терен беше поразен од Венеција со резултат 1-2.

Овој пораз го спушти Беневенто на претпоследната 19-та позиција со 23 освоени бода, а тимот освои само еден од можните петнаесет бода на последните пет натпревари.

Беневенто беше прв европски тренерски ангажман за Канаварно, кој претходно својата кариера ја градеше како асистент во Ал-Ахли, а потоа самостојно ги водеше Гунагжу, Ал-Наср, Тијанџин Куанијан и кинеската репрезентација.