сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Фабрегас: Меси не е нормален!

Фабрегас: Меси не е нормален!

Сеск Фабрегас е еден од играчите кој многу добро го познава Лионел Меси со кого беа дел од школата на Барселона, потоа играа заедно за првата екипа, а и приватно се добри пријатели.

Токму поради ова Шпанецот отворено и директно проговори за Аргентинецот за кого верува е играч кој нема да се повтори во историјата, односно според него нема да има друг Меси во иднина.

-Мислам дека тоа е веројатно невозможно. Видовме играчи како Роналдо и Роналдињо, фантастични асови, ама Меси е најдобар веќе 15 години. Тој е во својата 17-та сезона и е најдобар од 18 години. Сум видел работи во кои не би верувале. На секои три дена постигнува голови, оди да игра за Аргентина се враќа и дава хет-трик. Тоа не е нормално, верувајте ми, -вели фудбалерот на Монако за „АС“.