вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фабрегас посочи каде згрешил со трансферот во Барселона: Ако се вратам назад…

Фабрегас посочи каде згрешил со трансферот во Барселона: Ако се вратам назад…

Сеск Фабрегас е еден од играчите со фантастична кариера, играч кој имаше фантастични резултати, успеси како на клупски така и на репрезентативец план.

Еден од клубовите во кој настапуваше беше Барселона и тоа во два мандати, првиот како дете од 1997 до 2003 година, а потоа и како созреан, формиран играч од 2011 до 2014. Многу се очекуваше од Фабре кога пристигна на „Камп Ноу“, желбите, целите беа тој да биде клучен играч на средината на теренот, донесе нова свежина, ама доста од тие работи не се остварија и тој по сам три години одново ја напушти Шпанија и преку Челси, Монако денеска е во италијанскиот второлигаш Комо.

Токму за тој период во Барселона, поранешниот шпански репрезентативец се отвори и посочи зошто се решил да се врати, но и што било лошо при трансферот, односно за што жали.

– Решив да се вратам откако видова како сите победуваат во Барселона и играт толку добро. Пеп (Гвардиола) исто така постојано ми се јавуваше и ми испраќаше пораки. Решив дека тоа е следниот чекор за мене.

– Ако се вратам назад, веројатно требаше да чекам малку подолго, сè додека Чави малку не падне, а потоа да одам таму и го заземам неговото место. Сепак, фрустрацијата од толку многу години без пехар во Арсенал ме совлада и решив да заминам, – вели Шпанецот.