Фудбалерот на Рајо Ваљекано, Радамел Фалкао е блиску до продолжување на договорот со клубот, објави „COPE“.
Според шпанскиот медиум, во блиска иднина 35-годишниот Колумбиец треба да склучи договор до 2023 година.
Актуелниот договор на фудбалерот е со важност до крајот на јуни 2022 година.
Фалкао му се приклучи на Рајо Ваљекано во летото 2021 година. Во тековната сезона има постигнато пет гола во настапи.