среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фалкао: Ми се оствари сонот од детството

Фалкао: Ми се оствари сонот од детството

Колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао по триумфот над Полска синоќа на Светското првенство, изјави дека му се исполнила желбата која ја имал уште од најрана возраст.

– Уште како дете сонува да постигнам гол на едно Светско првенство и тоа се случи. Чекав многу долго на овој момент и се разбира драго ми е што се случи тоа. Задоволен сум од победата, играта на целиот тим, сите играчи, изјави Фалкао.

Колумбија синоќа ја победи Полска со 3:0, а Фалкао беше стрелец на вториот гол.

Дали Колумбијците ќе се пласираат во следната фаза на Мундијалот зависи од резултатот што ќе го постигнат на средбата со Сенегал во последната рунда од групната фаза. Полска е без никакви шанси за место во елиминациската фаза. (МИА)