вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фарук Хаџибегиќ вторпат се врати на селекторското место во БиХ

Фарук Хаџибегиќ вторпат се врати на селекторското место во БиХ

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина доби нов селектор пред предизвиците кои следат.

Наследник на Петев е славниот босанснки фудбалер Фарук Хаџибегиќ. За селекторското место тој завршил пред Сафет Сушиќ и Мехмет Баждаревиќ. Петев ја водеше БиХ од почетокот на 2021 година и забележа шест победи, седум порази и седум ремија.

65-годишниот Фарук Хаџибегиќ последен пат работеше во Алжир каде го водеше тимот на МЦ Алгер. Претходно, беше селектор на Црна Гора, а низ годините работеше и во Франција каде водеше повеќе прволигаши и второлигаши.

За Хаџибегиќ тоа ќе биде втор мандат во БиХ, по оној во 1999 година.