Енис Фазлагиќ е еден од дебитантите во сениорскиот тим на Македонија за новото издание во Лигата на нациите. Играчот од средниот ред доби повик од Благоја Милевски голема е веројатноста да ги запише првите минути на воведните четири средби.
„Задоволство е и чест да се биде дел од нашата најдобра репрезентација. Сме работеле за тоа цел живот и се спремаме нормално максимално да го дадеме најдоброто на следните натпревари. А-репрезентацијата е на многу повисоко ниво од У21, се наоѓам во тренажен процес и подготвен сум да одговорам на секој предизвик ако го добијам. Овој тим покажа дека може да прави големи нешта, јас ги следев и навивав за Македонија и за нив. Верувам дека постарите играчи во овој тим ќе не научат нас помладите на многу работи“, изјави Фазлагиќ.