„Мора да веруваме дека можеме да бидеме први во групата и реално е тоа да одиме на победа на овие два меча. Знаеме дека Грузија е квалитетен противник и ние мора максимално да се подготвиме и во мечот да влеземе како што треба. Најважно е да освоиме три бода и мислам дека со вистински добар пристап ќе биде се во ред“, вели Фазлагиќ.
„Тоа што Грузија е прва покажува дека имаат квалитетен тим и дека играат квалитетно. Тоа го потврдија и во Скопје. Но, ние мора да сме максимално фокусирани и да се спремиме за тој меч, ако сакаме да извлечеме победа, а тоа секако дека го сакаме. Мора да сме поконкретни и нормално дека треба да дадеме голови, зашто со голови може да стигнеме до нашата цел“, додава Фазлагиќ.