вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фелаини бара повисока плата за да остане во Манчестер јунајтед

Фелаини бара повисока плата за да остане во Манчестер јунајтед

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маруан Фелаини, се уште нема потпишано нов договор со клубот, а според британските медиуми, причина за тоа е незадоволството од понудената плата од 140.000 фунти неделно.

Договорот на Фелаини истекува ова лето, но и покрај взаемната желба за продолжување на соработката таков договор се уште не е потпишан.

– Минатата година бев кај тренерот и му реков дека сакам нов договор. Потоа имавме уште еден состанок, но јас не сум човек кој ќе праша десетпати една иста работа. Во меѓувреме станав важен за екипата, а денес важните играчи чинат по 50 милиони евра. Луѓето во клубот знаат дека згрешија тогаш, бидејќи не ми понудија продолжување на соработката, истакна Фелаини.

Британските медиуми наведуваат дека на 30-годишниот фудбалер му е понудена неделна плата од 140.000 фунти, но дека тој бара значително повеќе.

– По изјавата на Жозе Мурињо дека сака да ме задржи се наоѓам во добра позиција. Добро ги познавам соиграчите и членовите на стручниот штаб, знам колку сите ме ценат. Сите знаат дека играв значајна улога. Имам 30 години и преговарам со Јунајтед. Уште неколку клубови пројавија интерес за мене. На пример, немам проблем да живеам во Кина. Сакам да истражувам разни места и поинакви култури, наведе фудбалерот.

Маруан Фелаини на „Олд трафорд“ дојде во 2013 година од Евертон за 32 милиони фунти.

МИА