Ливерпул прави целосна реконструкција во редот за врска. Во клубот веќе пристигнаа Алексис Мекалистер и Доминик Собослај, а се очекува во наредните денови да потпишат со уште еден играч, најверојатно тоа ќе биде Лавија од Саутемптон.
Тројца нови играчи во редот за врска, значи дека Тијаго Алкантара ќе го напушти клубот. Поранешниот шпански репрезентативец, речиси цела сезона беше повреден.
Медиумите во Турција тврдат дека Алкантара влегол во преговори со Фенербахче. Турскиот великан му понудил тригодишен договор.