Џани Алиовски е пред трансфер во Фенербахче, „жолтите канаринци“ соопштија дека начелно постигнале договор за позајмица на Македонецот, кој вечерва ќе пристигне во Истанбул на финални преговори.
Џани Алиоски минатото лето се реши за печалба во Саудиска Арабија, но откако неговиот Ал Ахли испадна во втора лига, беше јасно дека Македонецот ќе се врати во Европа.
Изминатиов период имаше многу гласини за неговата иднина, подолго време се поврзуваше со Трабзонспор па потоа со Бешикташ и германски Фрајбург, за на крајот да заврши во Фенербахче.
Популарните „жолти канаринци“ попладнево соопштија дека начелно ја договориле позајмицата на Езгјан Алиоски, левиот бек вечерва ќе пристигне во Истанбул на финални преговори.
Bilgilendirme
Kulübümüz, Suudi Arabistan’ın Al Ahli takımında forma giyen Ezgjan Alioski’nin kiralık transferi konusunda kulübü ile prensip anlaşmasına varmıştır. Oyuncu görüşmeleri sürdürmek için bu akşam İstanbul’a gelecektir. Kamuoyunun bilgisine sunarız. pic.twitter.com/ahTiQn4DUa
— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) August 1, 2022