недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фенербахче го исклучи од екипата капитенот Озил

Третопласираниот тим во турското фудбалско првенство Фенербахче го исклучи денеска на неодредено време својот капитен Месут Озил.

Во штурото соопштение од 26 зборови, Фенербахче наведе дека против Озил и неговиот соиграч Озан Туфан се отворени постапки, пренесе Би-Би-Си.

Озил е веќе 14 месеци во Фенербахче и ја носи капитенската лента, откако минатата сезона потпиша договор на три и пол години со клубот од Истанбул.

Од почетокот на сезонава Озил постигна осум голови.