Турскиот фудбалски клуб Фенербахче се договори со Динамо Загреб за сума од девет милиони евра да го купи Доминик Ливаковиќ.
Личните услови на голманот се договорени, а наскоро и официјално ќе бидат потпишани договорите по што трансферот ќе биде комплетиран.
Во Фенербахче пристигнува и Душан Тадиќ откако Србинот го раскина договорот со Ајакс. Тој за турскиот клуб ќе потпише како слободен фудбалер. Тадиќ имаше понуди и од Саудиска Арабија, но ги одби, неговата желба е да продолжи во Европа.