Тренерот на Фенербахче, Жорге Жесус не смета сериозно на Езгјан Алиоски, македонскиот фудбалер не е пријавен за елиминационите натпревари од Лига Европа.
Во текот на јануари се шпекулираше дека Фенербахче сака да се ослободи од Алиоски, конкретна потврда за тоа стигна сега откако клубот не го пријави за пролетниот дел од Лига Европа.
На местото од Алиоски е пријавен новиот лев бек на Фенербахче, Жајден Остерволд. Доколку македонскиот фудбалер остане во Фенербахче, ќе може да игра само во домашните натпревари во Турција.