Манчестер Јунајтед денеска гостува на Енфилд во меч од редовното коло во англиската Премиерлига.
Рио Фердинанд верува дека неговата страна или Јунајтед, има добри шанси против Ливерпул кој сезонава мака мачи со повредите на играчите.
„Самоуверен сум како никогаш досега последните 6-7 години, мислам дека Манчестер Јунајтед има шанси да оствари победа на ова гостување. Од друга страна Ливерпул имаше неколку нестварни сезони, но оваа сезона имаат проблеми, а Јунајтед е во одлична форма. Сега е вистинско време да се оди на Енфилд, нема поголема победа за еден играч на Јунајтед освен на Енфилд“, изјави Рио Фердинанд.
Јунајтед е во трка за титулата, иако заостанува зад Сити и Арсенал, но од друга страна Ливерпул е во грчевита борба да обезбеди пласман во ЛШ, што ќе им биде крајно тешко со оглед на конкуренцијата.