Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед Алекс Фергусон ќе присуствува на денешната тренинг сесија на тимот, објавија британските медиуми.
Според „Дејли мејл“ тој бил повикан од тренерот Оле Гунар Солскјер, кој играше за МЈ под водство на Фергусон.
Според извештаите на медиумите, 76-годишниот Шкотланѓанец имал голема улога во назначувањето на Норвежанецот на тренерското место.
Манчестер Јунајтед во натпреварот од 20. коло од шампионатот на Англија го пречекува Борнмут (почеток 17:30 часот).