Португалскиот фудбалер Бруно Фернандеш следната сезона ќе ја носи капитенската лента во дресот на Манчестер јунајтед, потврди денеска англискиот прволигаш.
Португалскиот репрезентативец се пресели во Јунајтед во 2020 година од Спортинг од Лисабон и на 185 натпревари за клубот од Манчестер постигна 64 голови, запишувајќи и 54 асистенции.
Фернандеш ќе ја преземе капитенската лента од Хари Мегваер, кој беше капитен на клубот од „Олд Трафорд“ од јануари 2020 година.