Македонската машка фудбалска репрезентација до 17 години идната недела на домашен терен во Скопје ќе ги одигра квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 во Унгарија.
Македонските фудбалери се во група со Франција, Исланд и Луксембург, а своите натпревари на квалификацискиот турнир од 25 до 31 октомври ќе ги играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Селекторот Вујадин Станојковиќ за квалификациите повика 22 фудбалери:
Голмани: Славе Вргов (Академија Пандев), Натаниел Димовски (Пелистер), Амар Хаџибулиќ (Работнички);
Одбрана: Анес Мелиќи (Шкендија), Андреј Велков (Академија Пандев), Огнен Дејановски (Македонија Ѓ.П.), Никола Стојковски (Шкендија), Андреј Љубевски (Работнички), Фљакрон Мемиши (Шкендија);
Среден ред: Мартин Јовановиќ (Македонија Ѓ.П.), Нуман Ајетовиќ (Вардар), Мухамед Елмас (Работнички), Алдин Али (Винтертур, Швајцарија), Даниел Коцев (Работнички), Дарко Сековски (Вардар), Никола Манојлов (Работнички), Максимилиан Димитриевски (Борусија Минхенгладбах, Германија), Димитар Данев (Работнички);
Напад: Алтин Алији (Македонија Ѓ.П.), Аган Алиу (Шкупи), Стефан Младеновски (Црвена Звезда), Салим Арифи (Победа).