сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФФМ ги номинираше овие тројца фудбалери за наградата Спортист на годината на АМС

ФФМ ги номинираше овие тројца фудбалери за наградата Спортист на годината на АМС

Фудбалската федерација на Македонија до Агенцијата за млади и спорт (АМС) ги испрати предлог-номинациите за избор на Спортисти на годината во организација на АМС.

На предлог на селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, во категоријата Спортист на годината, ФФМ ги номинираше капитенот Стефан Ристовски, Елиф Елмас и Енис Барди.

Во дописот до Агенцијата за млади и спорт, селекторот на нашиот најдобар национален состав даде свое објаснување во однос на номинациите за тројцата наши репрезентативци.

Стефан Ристовски

Придонес во одиграните натпревари за македонската репрезентација во квалификациите за Мундијалот 2022 и освоеното второ место во групата; Придонес во одиграните бараж натпревари за Мундијалот 2022. Победа против европскиот првак Италија и пласман во финалето од плеј-офот против Португалија; Придонес во одиграните натпревари за освојување на шампионската титула во хрватското првенство со загрепски Динамо и придонес во освојувањето на националниот куп со Динамо; Придонес во одиграните натпревари за Динамо во УЕФА Лига на шампиони и пласман во групната фаза од ова натпреварување;

Елиф Елмас

Придонес во одиграните натпревари за македонската репрезентација во квалификациите за Мундијалот 2022 и освоеното второ место во групата; Придонес во одиграниот бараж натпревар за Мундијалот 2022. Финале од плеј-офот против Португалија; Придонес во одиграните натпревари за Наполи во УЕФА Лига на шампиони и пласман во групната фаза од ова натпреварување; Посветеност кон националниот дрес и секогаш во функција на тимот за репрезентативните натпревари во изданието од Лигата на нации;

Енис Барди

Придонес во одиграните натпревари за македонската репрезентација во квалификациите за Мундијалот 2022 и освоеното второ место во групата; Придонес во одиграните бараж натпревари за Мундијалот 2022. Победа против европскиот првак Италија и пласман во финалето од плеј-офот против Португалија; Посветеност кон националниот дрес и секогаш во функција на тимот за репрезентативните натпревари во изданието од Лигата на нации.