Управниот одбор на ФФМ ги утврди цените на билетите за натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија кој во рамки на Лигата на нациите ќе се игра во месец септември.
Цената на влезница за натпреварот ќе изнесува 250 и 350 денари. Влезниците ќе се продаваат преку продажната мрежа на MKTickets, официјален партнер на ФФМ за продажба на билети.
Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со приложување на докуменети за идентификација.
Натпреварот меѓу Македонија и Бугарија се игра на 26 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.