На седницата на Управниот Одбор, ФФМ донесе неколку одлуки, меѓу кои и цените за натпревари на македонските фудбалски репрезентации.
Македонија прво гостува кај Ерменија, а потоа на 14. ноември го пречекува Исланд на Националната арена „Тодор Проески“, а мечот почнува од 18 часот.
Билетитиее ќе бидат по 150 и 300 денари за јужната и северната трибинан. За натпреварот меѓу селекциите Македонија и Франција до 21 година, билетите ќе бидат по 100, 150 и 200 денари за јужната и северна трибина. Тој меч се игра на 16. ноември од 18:30 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Претходно, на 26. октомври играат женските репрезентации на Македонија и Луксембург, билетите за овој дуел се 100 денари. Мечот се игра во Охрид на стадионот „Билјанини извори“.
Капацитетот на Националната арена „Тодор Проески“ и стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид е ограничен согласно мерките на Владата на Република С. Македонија утврдени за заштита од коронавирусот за присуство на гледачи на трибините.
– У.О. на ФФМ донесе одлука за измени на правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери на ФФМ поврзани со права на фудбалери во женска конкуренција;
– У.О. на ФФМ донесе одлука за реконструкција (поставување нова тревна подлога со вештачка трева) на теренот со вештачка трева на стадионот во Ѓорче Петров;
– У.О. на ФФМ го усвои календарот за натпреварување во Втора футсал лига и делегатската листа за футсал натпреварувањето.