вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФФМ ги утврди цените за билетите: Бодри ја Македонија на следните квалификаџиски натпревари за пласман на СП 2022 година

ФФМ ги утврди цените за билетите: Бодри ја Македонија на следните квалификаџиски натпревари за пласман на СП 2022 година

Фудбалската федерација на Македонија денеска ги објави информациите за фановите кои сакаат да ги бодрат нашите фудбалски репрезентации на претстојните квалификациски натпревари за пласман на СП во Катар.

Сениорите предводени од новиот селектор Благоја Милевски ќе ги пречекаат селекциите на Ерменија и Романија на 2 и 8. септември, а влезните билети се пуштени во продажба по цена од 300 денари и можат да се најдат во продажната мрежа на „Mk Tickets“.

Двата натпевари се играат на арената „Тодор Проески“ во Скопје и започнуваат од 20:45 часот.

Навивачите ќе можат да ги бодрат и младинците на дуелот со Србија во Охрид (7. септември), а влезниот билет за таа средба ќе чини 150 денари. Во Скопје ќе игра и женската репрезентација, а за следење во живо на средбата против Австрија (21. септември) ќе треба да се издвојат 100 денари.

Согласно официјалната одлука на Владата на натпреаврите е дозволено присуство единствено со приложување на еден од следните документи:

– Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест

– Сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

*Не се однесува на лица под 18 годишна возраст.