среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФФМ ИЗВОЈУВА ПОБЕДА И СИ ГО ВРАТИ ПРОФИЛОТ, НО КОМЕНТАРИТЕ ЌЕ ОСТАНАТ ВЕЧНИ: „Конечно и вие победивте некого“, „вратете ги Јапонките поубави беа“ (ФОТО)

ФФМ ИЗВОЈУВА ПОБЕДА И СИ ГО ВРАТИ ПРОФИЛОТ, НО КОМЕНТАРИТЕ ЌЕ ОСТАНАТ ВЕЧНИ: „Конечно и вие победивте некого“, „вратете ги Јапонките поубави беа“ (ФОТО)

Челниците на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во минатото беа на удар по многуте погрешни потези, несоодветно поделени и потрошени пари и порази од тотални аутсајдери, но убедливо најголем сеир во јавноста претрпеа вчера и тоа поради профилот на националниот им на социјалната мрежа Фејсбук.

Тој долго време не беше во владение на администрацијата од Куќата на фудбалот, поради што повремено се објавуваа смешни информации кои немаат врска со македонскиот фудбал, но тоа што се случи изминативе 24 часа е приказна што долго нема да биде заборавена. Хакерите кои упорно ја пробиваат шифрата на луѓето кои ја водат страницата „Фудбалска репрезентација на Македонија“ вчера објавуваа форографии на млади разголеми девојки, чии години лесно може да ги сместат во категоријата малолетни.

Поради тоа, луѓето од ФФМ беа жестоко нападнати од јавноста, а речиси да немаше јавна личности која не искажа револт или барем мајтап од ваквата неспособност на оперативниците кои го предводат македонскиот фудбал.

Тоа како да ги подбутна понапорно да работат, па утринава на ФБ страницата на репрезентацијата осамнаа фотографии кои ѝ доликуваат – на избраниците на селекторот Благоја Милевски.

И ова донесе низа шеговите коментари на сметка на луѓето од ФФМ, па фановите почнуваат и да се обложуваат меѓу себе колку време ќе мине до следното хакирање на страницата и кој ќе го стори тоа според фотографиите и објавите кои ќе следуваат потоа.