вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФФМ ќе пушти десет илјади билети во продажба за натпреварот со Ерменија

ФФМ ќе пушти десет илјади билети во продажба за натпреварот со Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација во вторник во Скопје против Ерменија ги продолжува квалификациите за пласман на Светското првенство во 2022 година во Катар.

Како што објави денеска Фудбалската федерација на Македонија, билетите за дуелот против водечката репрезентација во квалификациската група Ј ќе бидат пуштени во продажба од понеделник.

Македонските фудбалери ќе можат да имаат поддршка од најмногу 10.000 гледачи согласно ковид протоколот за исполнетост од максимум 30 отсто на Националната арена „Тодор Проески“ со капацитет од 30.000 седишта.

По воведните три кола во мундијалските квалификации, „црвено – жолтите“ се второпласирани во групата Ј со три бодови помалку од лидерот Ерменија. Германија, со идентични шест бодови како и македонската репрезентација е третопласирана пред Исланд и Романија со по три бодови и Лихтенштајн на последното место без бод.