понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФФМ одлучи: Македонските репрезентативци ќе поделат награда од 150.000 евра

ФФМ одлучи: Македонските репрезентативци ќе поделат награда од 150.000 евра

Македонските фудбалски репрезентативци и членовите на стручниот штаб ќе поделат премија во износ од 150.000 евра за остварените резултати во трите мартовски мундијалски квалификациски натпревари, во кои избраниците на селекторот Игор Ангеловски приредија сензација со триумфот над Германија од 2:1 на гостински терен.

Одлуката вечерва ја донесе Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на која беа одредени и премиите за претстојното деби на македонската репрезентација на Еуро2020.

Како што е соопштено, за секоја победа од групната фаза на Европското првенство, македонските фудбалери ќе поделат парична награда во висина од 300.000 евра, додека премијата за секој нерешен резултат во групата со Украина, Австрија и Холандија ќе изнесува 150.000 евра.

Селекторот Ангеловски утре на прес-конференција треба да го соопшти составот за Европското првенство на кое македонската репрезентација својот прв натпревар го игра на 13 јуни против Австрија во Букурешт.