Повеќекратниот македонски фудалски шампион Шкендија е казнета со 3.000 евра поради пиротехничкото шоу на навивачите на овој тим на дербито во Тетово против Шкупи одиграно пред точно еден месец.
Двете екипи одиграа без голови, не им пречеше на популарните „Балисти“ буквално да ја запалат трибината со палење на повеќе десетици факели. Дисциплинската комисија на ФФМ изрече жестока казна и за поранешниот младински репрезентативец, Али Адем, кој сега игра за Шкупи, а поради црвениот картон добиен во пресметката со Силекс.
Адем, според записникот од овој натпревар, нападнал фудбалер на кратовци, поради бил директно исклучен, а за што е казнет со суспензија на пет натпревари. Тој не играше против Воска Спорт во Купот, Академија Пандев и Струга, а ќе нема право на настап и на натпреварите на чаирчани против Тиквеш и Шкупи, кои се играат пред крајот на месецов.