вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФИФА би можела пред почетокот на СП во Катар да елиминира една репрезентација

ФИФА би можела пред почетокот на СП во Катар да елиминира една репрезентација

Благодарение на документите кои ги објави Дејли Мејл, повторно е отворено прашањето за настапот на Еквадор на овогодинешното Светско првенство.

Англискиот таблоид објави докази дека десниот бек на еквадорската репрезентација, Бајрон Кастиљо, кој забележа осум настапи во квалификациите за Светското првенство, не е роден во Еквадор, туку во Колумбија и никогаш немал еквадорско државјанство и затоа нема право да игра за репрезентацијата.

За нерегуларноста прв предупреди чилеанскиот фудбалски сојуз, чија репрезентација во квалификациите заврши едно место зад Еквадор и со тоа не се пласира на СП. ФИФА ја одби нивната прва жалба, а случајот сега е во рацете на Комисијата за жалби, која се очекува да донесе одлука до крајот на месецот.

„Sportsmail“ дошол до дел од документацијата на која Чилеанците ја засновале својата жалба, која инсинуира дека Кастиљо е роден во Тумак, Колумбија. За контроверзниот играч има два изводи од матичната книга на родените – според колумбискиот, неговото полно име е Бајрон Хавиер Кастиљо Сегура, а според еквадорскиот Бајрон Дејвид Кастиљо Сегура.

Колумбискиот покажува дека Кастиљо е роден на 25 јули 1995 година, а еквадорскиот на 20 ноември 1998 година. И двата ги наведуваат имињата на истите родители – Харисон Хавиер Кастиљо и Олга Еугенија Сегура Ортиз – кои се Колумбијци. Но, колумбискиот извод е заверен во матичната книга на родените и во Министерството за надворешни работи, додека еквадорскиот не може да се најде во државниот регистар. Дополнително, потписот на таткото не е ист на двата документи.