сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФИФА ги објави тројцата финалисти во изборот за тренер на годината

ФИФА ги објави тројцата финалисти во изборот за тренер на годината

Интернационалната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека Аргентинецот Лионел Скалони, Италијанецот Карло Анчелоти и Шпанецот Пеп Гвардиола влегоа во потесниот круг на кандидати за најдобар тренер во 2022 година.

ФИФА потсети дека покрај Скалони, Анчелоти и Гвардиола, кандидати за тренер на годината беа Французинот Дидие Дешамп и Мароканецот Валид Реграги.

Скалони ја освои титулата на Светското првенство во Катар на крајот на минатата година со селекцијата на Аргентина. Анчелоти со Реал ги освои шампионатот на Шпанија и Лигата на шампионите, додека Гвардиола со Манчестер Сити триумфираше во Премиер лигата.

ФИФА на 27 февруати ќе ги објави наградите за најдобри тренери во двете конкуренции за 2022 година.