четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФИФА ги одреди своите санкции за Русија

ФИФА ги одреди своите санкции за Русија

Светската фудбалска федерација (ФИФА) излезе со свој став за актуелната ситуација во Украина, осудувајќи ја руската интервенција во соседната земја и потврдувајќи ги првичните санкции за Руската фудбалска федерација.

ФИФА во своето соопштение наведе дека ќе ги следи препораките на Меѓународниот олимписки комитет, што подразбира одредени забрани, но не и дисквалификација на руските репрезентации.

Наредниот период Русија не смее да го користи своето име на настапите на националниот тим, односно тој ќе настапува како Руска фудбалска унија, своите натпревари ќе ги игра на неутрален терен и без публика. Тоа подразбира целосна забрана на меѓународни натпревари на руска територија.

Истовремено, Русите нема да смеат да го користат своето знаме, ниту пак ќе биде интонирана нивната национална химна на натпреварите. ФИФА најави дека во иднина може да има и други санкции, а потврди и дека е започнат дијалог со фудбалските федерации на Полска, Чешка и Шведска, кои најавија дека не сакаат да играат плејоф натпревар со Русија во ваква ситуација.