Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја разгледува можноста за укинување на можноста за позајмување на играчи, пренесе „Франс Фудбал“.
Од седиштето веруваат дека многу клубови го злоупотребуваат системот на позајмување играчи, барем најбогатите, бидејќи за одреден надомест земаат млади играчи од други клубови, на кои не им даваат шанса и веднаш ги испраќаат на заем. Во повеќето случаи, речиси нема намера, ниту долгорочен план да ги задржат играчите, но често заработуваат добро од нивната натамошна продажба.
ФИФА сака да го прекине овој тренд.
Челзи е познат по оваа пракса, откако во моментов има дури 41 играч на позајмица, меѓутоа Јувентус е актуелен шампион со дури 50 играчи кои настапуваат во други клубови. Тие главно се млади фудбалери. Удинезе не заостанува многу (27), Манчестер Сити има 19, итн.
Основниот принцип на заемот е уништен, според ФИФА, а суштината е изгубена: играчите кои одат на заем во одреден клуб, треба да имаат поголем простор за докажување Тоа сепак не е така.
Според „Франс фудбал“, ФИФА може да донесе одлука во октомври за овој случај.