сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФИФА ќе му дозволи на Кристијан Ериксен да игра на Мундијалот во Катар

ФИФА ќе му дозволи на Кристијан Ериксен да игра на Мундијалот во Катар

Данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен ќе добие дозвола од ФИФА, доколку Данска се реши да го земе во националниот тим за Мундијалот оваа година во Катар.

„Кога станува збор за турнирите на ФИФА, сите играчи мора да имаат кардиолошки преглед за да се осигураат дека се целосно свесни се што може да влијае на нивното здравје. Конечната одлука околу настапот ја носат играчот и соодветната федерација“, изјави портпаролот на ФИФА.

Правилата на ФИФА наведуваат дека скринингот се прави за да се дијагностицираат срцевите проблеми или факторите на ризик кои може да доведаат до неочекуван срцев удар за време на натпреварите. Сите учесници до ФИФА мора да поднесат документ дека нејзините играчи поминале медицински преглед.

На 12 јуни 2021 година, Ериксен доживеа срцев удар за време на натпреварот со Исланд во Копенхаген за време на ЕВРО 2020. Подоцна на играчот му беше вграден дефибрилатор.