вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФИФА отвори постапка против федерацијата на Хрватска

ФИФА отвори постапка против федерацијата на Хрватска
Soccer Football - FIFA World Cup Qatar 2022 - Semi Final - Argentina v Croatia - Lusail Stadium, Lusail, Qatar - December 13, 2022 Croatia's Luka Modric looks dejected after being eliminated from the World Cup REUTERS/Dylan Martinez

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), отвори постапка против фудбалската федерација на Хрватска, поради случувањата на натпреварот за 3. место во Катар.

Во прашање е можно кршење на правилникот, поточно членот 13 и 16 од дисциплинскиоткодекс, кој се однесува на дискриминација.

Сепак, ФИФА тврди дека во видеото кое постои и кое се појави на социјалните мрежи, каде хрватските фудбалери пеат песни, слават победа над Мароко, пеат националистички песни со посебни детали кои пречат во законската рамка на ФИФА.

Дејан Ловрен веќе порача дека е во прашање само пеење на патриотски песни во кои покажуваат љубов кон својата татковина.

ФИФА поради дискриминација претходно го казни Мексико со 100.000 швајцарски франци.