недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФИФА пресече за трансферот на Сала – eве кој треба да плати

ФИФА пресече за трансферот на Сала – eве кој треба да плати

Шкотскиот фудбалски клуб Кардиф изрази разочарување од одлуката на ФИФА да го задолжи клубот да плати шест милиони евра на Нант како прва транша за трансферот на напаѓачот Емилијано Сала.

Фудбалерот го загуби животот во инцидент при транспорт од Нант кон Кардиф. Тој не одигра ниту еден натпревар за Кардиф.

Според договорот меѓу двата клуба, трансферот изнесуваше 17 милиони евра, но Кардиф одби да ги плати овие пари, затоа што во моментот на смртта на Сала сè уште не стана нивен играч.

-Ние сме крајно разочарани од оваа одлука. Веруваме дека ФИФА својата одлука ја заснова само на мали детали од општиот контекст, не земајќи го предвид целиот пакет документи. Постојат јасни знаци дека договорот треба да се смета за неважечки, бидејќи не се исполнети сите негови услови, објави Кардиф.