Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) има намера да ги отстрани руските репрезентации од учество на меѓународни натпреварувања.
Според „Ројтерс“, ФИФА преговара со Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) за прашањето за зајакнување на санкциите против руските тимови.
Во овој контекст се разгледува можноста за отстранување на Русија „до натамошно известување“.
УЕФА вечерва треба да одржи состанок на кој ќе одлучува за повеќе прашања поврзани со рускиот фудбал.